Шпанскиот возач Фернандо Алонсо не почна преговори со Астон Мартон за продолжување на договорот, затоа што очекува од 2025 година да вози за Мерцедес, и да го замени Луис Хамилтон, кој заминува во Ферари.
Алонсо има договор до крајот на оваа сезона, а медиумите објавија дека шпанскиот возач ќе продолжи до 2026 година, но одлуката на Хамилтон да се пресели во Ферари во 2025 година, ги менува плановите.
Медиумите во Шпанија потсетуваат дека во следната година Мерцедес ќе смета на Џорџ Расел, но и натаму не е познато кој ќе го замени Хамилтон. „Марка“ истакнува дека токму тоа е причината што Алонсо и натаму не го продолжил договорот со Астон Мартин, затоа што очекува повик од Мерцедес. 42- годишниот Алонсо во кариерата настапуваше за Рено, каде што во 2005 и во 2006 година ја освои титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА