Кубо останува во Реал Сосиедад и во следните пет години

Јапонскиот репрезентативец Такефуса Кубо ќе го носи дресот на Реал Сосиедад и во следните пет години откако денеска официјално беше продолжена соработката до 2029 година.

Откако не успеа да се наметне во младинската школа на Барселона, а подоцна и во редовите на Реал Мадрид, сега 22-годишникот успеа да го најде своето место во клубот од Сан Себастијан каде е незаменлив дел од првиот тим. На 71 натпревар досега постигна 15 голови и 13 асистенции.

Се вчитува...