Последно збогум за Дејан Милојевиќ во Белград – присутен и Стив Кер (ФОТО)

Поранешниот српски кошаркар, а подоцна и тренер Дејан Милојевиќ кој на 47-годишна возраст го загуби својот живот по срцев удар во Соединетите американски држави денеска беше погребан во Белград во присуство на бројни српски, но и светски кошаркарски ѕвезди.

Еден од нив беше и селекторот на машката кошаркарска репрезентација на САД и воедно тренер на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер кој допатува во главниот град на Србија да му даде почит на доскорешниот колега од таборот на НБА франшизата.

 

Се вчитува...