Тешката криза во која се наоѓа Барселона се отслика и на последниот одигран натпревар во шпанското првенство каде во 24. коло каталонскиот гигант ремизираше со Гранада со 3-3 и загуби значајни бодови во битката за првата позиција.
Со оглед на тоа што заостатокот зад водечкиот Реал Мадрид е десет бода може да се каже дека голема е веројатноста дека Барселона е надвор од трката и за трофејот во Ла Лига. Каталонците претходно останаа и без трофејот во Кралскиот куп по поразот од 4-2 од Атлетик Билбао па единствениот трофеј кој е во дофат е оној во Лигата на Шампионите.
Првата пречка таму е осминафиналниот натпревар против Наполи, двомеч кој може да донесе смена на тренерското место и пред крајот на сезоната. Чави самиот најави заминување по последниот натпревар за 2023/24, но елиминација од престижното натпреварување ќе му донесе „шут карта“ веднаш, откриваат шпанските медиуми.
Раководството на Барселона не е задоволно од атмосферата во тимот и стравува дека може да биде испуштена и една од првите четири позиции на табелата со што би се загубила шансата за настап во ЛШ следната сезона. Деко веќе има и тренер кој чека на готовс, а тоа е Рафа Маркез, легендарниот Мексиканец кој се прослави како стопер во првиот тим за која настапуваше од 2003 до 2007 година и во моментот ја врши тренерската функција во Барселона Б.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

