Абази од Гостивар е нов фудбалер на Беласица (ФОТО)

Во очекување на пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига, струмичка Беласица се засили со уште еден фудбалер кој треба да биде освежување во одбраната.

Ново име во редовите на Беласица е 21-годишниот Анид Абази кој доаѓа од Гостивар а игра на десната бековска позиција.

Абази досега во својата кариера има настапи и за младинската екипа на Шкупи, како и за екипата на Скопје.

Се вчитува...