Манчини во војна со пола репрезентација на Саудиска Арабија

Со проблеми не се соочува само Саудиската Про-лига, ситуацијата не е сјајна ниту во репрезентацијата на оваа многу амбициозна блискоисточна земја. Новиот селектор Роберто Манчини влезе во отворен конфликт со пет стандардни репрезентативци, кои решија да се побунат против Италијанecot и одбија да дојдат на репрезентативниот собир, за што беа жестоко казнети.

Медиумите јавуваат дека Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија застанал зад високо платениот тренер во овој непријатен конфликт, а Наваф Ал-Акиди, Салман Ал-Фарах, Калед Ал-Ганам и Али Хазази ќе бидат суспендирани и казнети поради недисциплина и прекршување на правилата на однесување во сениорската репрезентација.

Најлошо помина неофицијалниот водач на бунтот, соиграчот на Кристијано Роналдо од Ал-Наср, голманот Ал-Акиди, кој доби петмесечна суспензија од фудбалот и парична казна од 75.000 евра.

За непојавувањето на првиот собир на репрезентацијата по болната елиминација во осминафиналето од Купот на Азија и големата драма на мечот со Јужна Кореја, Маран, Ал-Ганам и Хезази беа суспендирани на еден месец и казнети со 50.000 евра, додека Ал – Фарах. ќе може да игра фудбал, но ќе биде полесен за 25.000 евра.

Прашање е сепак како строгиот Манчини ќе реагира на враќањето на овие играчи во репрезентацијата која ја презеде летово. Се очекува Саудиска Арабија да се квалификува за Светското првенство во фудбал во САД, Мексико и Канада.

Се вчитува...