Турскиот кошаркар Фуркан Коркмаз е пред враќање во татковината, откако за неговите услуги се заинтересирани Бешикташ и Фенербахче, пренесуваат медиумите од оваа земја.
По трејдот со три тима во кој Коркмаз ја замени Филаделфија со Идијана, тој стана технолошки вишок и беше отпуштен од неговиот нов тим.
Коркмаз израсна во редовите на Ефес, каде што играше многу млад во Евролигата, но во 2017 година беше избран како 26. пик на НБА драфтот и ја замени Европа со НБА лигата.
Настапуваше само во дресот на Филаделфија, а во сезоната 2019/20 имаше просек од 9,8 поени и 2,3 скока и 1,1 асистенција по натпревар. Тоа беше неговата најдобра година во САД. Сезонава настапи на 35 натпревари, но имаше многу мала минутажа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

