„Де Лихт мора да разбере дека во Баерн Минхен треба да се бори за своето место“

Холандскиот репрезентативец Матијас де Лихт го засили Баерн Минхен во 2022 година од Јувентус во трансфер вреден 67 милиони евра по што се очекуваше дека ќе биде столб во одбраната на баварците, но од сезона во сезона добива се помала минутажа.

Оваа сезона настапи на само еден натпревар во Лигата на Шампионите и на само 13 во Бундеслигата по што се споменуваше и негово заминување од Минхен оваа зима, но до истото сепак не дојде по што се зголеми и неговото незадоволство.

На темата „Де Лихт“ сега говореше и директорот на Баерн Минхен, Кристофер Фројнд кој му порача на Холанѓанецот дека треба да се бори за своето место во тимот.

„Го разбираме неговото незадоволство, но ние сме среќни што тој е дел од нашиот тим. Треба да знае и дека во Баерн Минхен секогаш постои конкуренција и дека треба да се бори за своето место. Тој е професионалец“, изјави директорот на минхенскиот клуб.

Се вчитува...