Трагедија во Норвешка: Почина од срцев удар на првиот работен ден како тренер

Норвежанецот со марокоанско потекло, Мунир Хамад, почина од срцев удар на свои 39 години на првиот работен ден како нов тренер на норвешкиот прволигаш Штромгосет.

Хамад вчера требаше да се вклучи во тренерскиот тим на Штромгосет пред стартот на новата сезона во Норвешка, но клубот добил шокатни вести дека Хамад неочекувано починал од срцев удар.

Мунир Хамад претходно како фудбалер цели осум години бил дел од тимот на Штромгосет. Беше член и на младинските селекции на Норвешка, но никогаш не доби шанса во А-селекцијата на Норвешка.

„Во Мунир изгубивме навистина уникатен сограѓанин. Тој беше пријателски настроен, дарежлив, инклузивен и позитивен. Тој беше професионално вешт и инспиративен. Некој кој се грижел и учествувал. Некој кој сите со нетрпение го очекувавме да го запознаеме, некој кон кого сите имаме само добри и топли чувства. Искрено сочувство до неговото семејство“ – соопштија од норвешки Штромгосет.

Се вчитува...