Хрватска ја доби драмата со Србија за полуфинале на Светското првенство во ватерполо

Репрезентацијата на Хрватска е третиот полуфиналист на Светското првенство во ватерполо откако во четвртфиналната пресметка славеше против Србија со 15-13.

Драматичен натпревар одиграа двата традиционално „лути ривали“ во кој се менуваа низ водство во текот на дуелот, но на крајот „коцкестите“ во трилер завршница беа поумешни за место во полуфиналето.

Претходно, полуфинале обезбедија и Шпанија која ја победи Црна Гора со 15-12, како и Италија која со 11-10 славеше против Грција. Последниот полуфиналист ќе се бара од дуелот меѓу Унгарија и Франција кој стартуваше од 18:30 часот.

Се вчитува...