Мбапе е подготвен да игра против Реал Сосиедад

Најдобриот фудбалер на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе биде во составот за утрешниот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Реал Сосиедад.

Мбапе поради повреда го пропушти натпреварот на ПСЖ со Лил (3-1) во француското првенство кој се играше на 10. февруари, но тренерот Луис Енрике информираше денеска дека напаѓачот ќе игра против Шпанците.

„Нема сомнеж дека Мбапе ќе игра против Реал Сосиедад. Тој имаше повреда на скочниот зглоб, но сега е добар и сигурно ќе биде во тимот“ – рече Енрике.

Натпреварот меѓу ПСЖ и Реал Сосиедад од осминафиналето во ЛШ се игра утре од 21 часот во Париз.

Се вчитува...