Само пласман подалеку во Лигата на шампионите го спасува тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел од отказ, откако е јасно дека е на пат да ја загуби титулата во Бундеслигата по поразот од Баер Леверкузен, а во Купот „Баварците“ веќе немаат можност да дојдат до пехарот.
Утре Баерн Минхен гостува на Лацио во Рим. Пред мечот Томас Тухел кажа дека не чувствува зголемен притисок, и покрај тоа што медиумите веќе наголемо пишуваат дека Тухел ќе биде сменет, и на негово место ќе дојде Жозе Мурињо.
„Не, не чувствувам зголемен притисок. Неопходно е да останеме самоуверени, но исто така треба да бидеме и самокритични. Колку е погласна бучавата, толку е посилен и притисокот, но најважно е да останеме смирени“, рече Тухел.
Потоа зборуваше и за Матијас Де Лихт, кој е се повеќе незадоволен, и најавува заминување од таборот на „Баварците“.
„Се наоѓа во тежок момент, затоа што конкуренцијата во тимот е голема. Решив да не започнам и да не ризикувам. Но, Де Лихт е борец, и тој се бори за местото. Ако ме прашувате дали ни е потребен – да, потребен ни е“, рече Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА