Мајнц вторпат сезонава менува тренер, за да го разбуди тимот и да го спаси од најлошото – од испаѓање на екипата во понизок ранг. Така денеска германскиот тим го постави Данецот Бо Хенриксен за нов тренер. Тој потпиша договор до 2026 година.
Хенриксен ја почна тренерската кариера во 2010 година и го вореше Броншок кон „релитата“. Од 2014 до 2020 година беше тренер на Хорсенс, а потоа стана тренер на Митјиланд. Во 2022 година го презеде швајцарски Цирих, од каде доаѓа тренерот. Неговиот договор истекуваше до крајот на сезоната, но предвреме го прекина и сега ќе го води тимот на Мајнц.
„Хенриксен водеше тимот под различни услови, но неговиот фудбал секогаш беше храбар и успешен. Хенриксен е многу емотивен и отворен лик, кој зрачи со позитивна енергија и многу добро ќе се вклопи во нашиот тим“, изјави спортскиот директор на клубот, Кристијан Хајдел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

