Три гола по првиот дел во Копенхаген и водство на Сити, „нула“ во Лајпциг (ВИДЕО)

Денеска се играат првите осминафинални средби во Лигата на шампионите вечерва во Копенхаген и во Лајпциг. За разлика од Германија каде што мрежите мируваат, во Данска има дури три гола.

Силно тргна Манчестер Сити, и во 11. минута преку Де Брујне успеа да поведе. Белгиецот одкосо од десната страна го најде патот до мрежата. И кога се чинеше дека тоа ќе биде лесен триумф на европскиот првак, во 34. минута израмни Копенхаген. Матсон погоди во мрежата со супер шут од 22-23 метри, меѓутоа на голот претходеше голема грешка на голманот Едерсон кој му подари топка на противникот.

Меѓутоа во финишот од првиот дел Бернардо Силва го донесе Манчестер Сити до второ водство за предност по првите 45. минути.

Во Лајпциг нема голови, можеби најмногу благодарение на ВАР кој му поништи гол на Шешко во раната фаза од мечот, и покрај тоа што Словенецот беше во чиста позиција, односно не беше во офсајд.

Се вчитува...