Гвардиола: Одлична победа, но уште ништо не е готово

Манчестер Сити има добра предност од гостувањето во Копенхаген. На крајот европскиот првак победи со 1-3, и тоа би требало да биде доволно за пласман во следната фаза од најелитното европско натпреварување.

Меѓутоа менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола најави дека уште ништо не е готово, и покрај тоа што е задоволен како одиграла неговата екипа.

„Одигравме многу добар натпревар. Одлично е што игравме во вакво темпо. Бевме трпеливи, го чекавме вистинскиот момент. Горд сум на мојот тим, но уште ништо не е готово. Третиот гол ни помогна многу, и се надевам дека ќе ја завршиме работата пред нашите навивачи. Примивме гол кој можеше да се избегне, но некогаш се случуваат такви работи. Добро реагиравме и веднаш дадовме втор гол пред паузата. Знаеме како минаа тука Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, затоа натпреварите со Копенхаген знаат да бидат тешки“, рече Гвардиола.

Се вчитува...