Откако се раздели со Руне, Бекер ќе го тренира Зверев

Легенрадниот германски тенисер Борис Бекер после Австралија Опен се реши да ја раскине соработката со Холгер Руне, но изгледа дека нема да чека многу за нов ангажман.

Некогашниот тренер Новак Ѓоковиќ би можел да го тренира во моментов шестиот тенисер на светот, Александар Зверев. Меѓутоа постои една голема пречка, а тоа е што Бекер поради затворот и банкротот има забрана за влез во Англија, САД и Австралија.

И покрај тоа, Зверев за германските медиуми не ја исклучи можност за соработката со својот сонародник.

„Шансата е секогаш тука, секогаш постои. Но, ако размислувате за него, тогаш тоа значи дека ќе бркатe да освојувате големи турнири. И нормално тренерот мора да биде таму на големите турнири“, изјави Зверев за можноста да соработува со Бекер.

Се вчитува...