Легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ, на 8. јуни во Стокхолм на дуел против Србија, и официјално ќе се прости од фудбалот. Тоа го откри српскиот фудбалски сојуз.
Србија покрај против Шведска, за да се подготви за настап на Европското првенство, ќе игра и против Русија, Кипар и Австрија.
„Посебно не импонира фактот дека на натпреварот со Шведска во Стокхолм од активното играње ќе се прости звездата на европскиот и светскиот фудбал, Златан Ибрахимовиќ“, објави фудбалскиот сојуз на Србија.
Златан минатата година во Милан ја заврши играчката кариера како фудбалер на тој клуб. Ибрахимовиќ за Швеска одигра 122 натпревари, и стана најефикасен фудбалер на Шведска со постигнати 62 гола.
Не е познато на кој начин Ибрахимовиќ ќе се прости од фудбалот, односно дали ќе игра за Шведска, или, пак, тоа ќе биде само изведување на почетниот удар и неколку минути, по што ќе биде заменет за да добие овации од домашната публика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

