Леброн Џејмс одбил трејд во Голден стејт!

Леброн Џејмс ја одби понудата на Голден стејт за преселба во нивните редови во финишот на „преодниот рок“ минатата недела!

Сопственикот на Голден стејт, Џо Лејкоб директно се обратил на сопственикот на ЛА Лејкерс, Џини Бас во врска со потенцијалната „бомба“. Имало разговори меѓу трите страни, но за трејд не биле заинтересирани ниту Леброн ниту Лејкерс.

Иако има 39 години, Леброн игра на врвно ниво поради што Голден стејт го посака во своите редови како би го продолжиле животот на својата трофејна династија.

Се вчитува...