Италијанскиот евролигаш Олимпија Милано нема да може да смета на услугите на Били Берон на неодредено време, потврди клубот.
Американецот во јануари одново се здоби со повреда на десниот лакт, повреда поради која мораше да помине низ оперативен зафат во месец октомври, а и покрај тоа што првичните претпоставки беа дека ќе отсуствува од теренот две до три недели, рехабилитација не се одвива на најдобар начин и тој ќе биде надвор од тимот и во следниот период.
Триесетитригодишникот претходната сезона беше клучен дел од миланскиот тим, но оваа сезона настапи на само три натпревари во Евролигата против Асвел, Панатинаикос и Басконија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА