Томас Тухел не смее да си дозволи ново фијаско со Баерн Минхен неколку дена по поразот од 3-0 и лекцијата што ја доби од Чаби Алонсо на бундеслигашкото дерби. Тоа му е и повеќе од јасно на трофејниот стручњак, па Тухел бара максимална концентрација и залагање од своите фудбалери на вечерашното гостување во Рим, на кое евентуален неуспех би можел да донесе и отказ за тренерот на Баерн до крајот на оваа седмица.
Иако на овој меч Тухел не може да смета на Дејвис, Коман, Гнабри и Лајмер, кои беа стандардни првотимци до повредите, сепак од првата минута ќе мора да ги нападне „лацијалите“ па во нападот ќе стартуваат Милер, Кејн, Мусиала и Сане.
На вториот вечерашен дуел ПСЖ ја има фаворитската улога против Реал Сосиедад, уште повеќе ако се знае дека гостите од Баскија значително ослабени допатуваа во Париз за овој натпревар.
ЛАЦИО – БАЕРН МИНХЕН
Лацио: Проведел, Марушиќ, Ромањоли, Џила, Хисај, Весино, Гендузи, Исаксен, Луис Алберто, Андерсон, Имобиле.
Баерн: Нојер, Мазрауи, Упамекано, Ким, Гереиро, Кимих, Горецка, Сане, Мусиала, Милер, Кејн.
ПСЖ – РЕАЛ СОСИЕДАД
ПСЖ: Донарума, Хакими, Маркињос, Данило, Бералдо, Витиња, Руиз, Заире – Емери, Дембеле, Баркола, Мбапе.
Р. Сосиедад: Ремиро, Галањ, Ле Норман, Зубелдија, Траоре, Мерино, Зубименди, Мендез, Кубо, Баренечеа, Андре Силва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА