Надал потврди дека нема да игра во Доха

Eден од најдобрите тенисери на сите времиња Рафаел Надал потврди дека нема да настапи на турнирот од серијата 250 во Доха.

Шпанскиот тенисер се огласи на социјалната мрежа „твитер“ потврдувајќи дека нема да патува во Катар.

„Би сакал да играм во Доха, каде тимот на турнирот, како и неверојатните навивачи на Катар секогаш ме поддржуваа. За жал, не сум подготвен да се натпреварувам и нема да можам да дојдам во Доха каде што навистина сакав да бидам и повторно да играм по таа незаборавна победа во 2014 година. Ќе се фокусирам на понатамошната работа за да бидам подготвен за неверојатниот турнир во Индијан Велс“, напиша Надал.

Се вчитува...