Eдна жртва и девет повредени на прославата на НФЛ титулата на Канзас Сити (ВИДЕО)

Низ улиците на Канзас Сити  денеска почна парадата на Чифс по освојувањето на титулата во НФЛ, но свеченоста се претвори во тотален хаос.

Причина за тоа е пукање од огнено оружје во близина на станицата Јунион по што дошло до стампедо на милионите луѓе присутни на улиците на градот во сојузната република Мизури. На снимките на неколку локални телевизии може да се забележи како навивачи панично бегаат од местото. Последните информации од полицијата велат дека има еден починат и девет повредени лица.

Шампионскиот тим на Канзас Сити Чифс се наоѓа на безбедно, а прославата е прекината и најверојатно нема да продолжи.

Се вчитува...