Абердин се врати од негатива од 0-3, но Миовски не постигна ниту еден гол

Неверојатен натпревар одиграа вечерва Абердин на нашиот Бојан Миовски и Матервил кој заврши без победник 3-3 како дел од заостанатиот натпревар од 20. рунда во шкотската Премиерлига.

Абердин по само 27. минути имаше негатива од 0-3, откако за гостите стрелаа Бер на двапати и Девин. Сепак, избраниците на Нил Ворнок успеаја да се вратат и на крајот да стигнат до реми (3-3), но интересно е тоа што најдобриот фудбалер на домашниот тим Бојан Миовски не постигна погодок. Стрелци на головите за Абердин беа Дак на двапати и еднаш Гантерман.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...