Тухел исфрустриран: Не знам дали Лацио победи, ние самите си го загубивме мечот

Баерн Минхен е во сериозна криза откако баварскиот гигант на поразот во Леверкузен се надоврза со неуспех и на гостувањето против Лацио во првиот меч од осминафиналето во Лигата на Шампионите. Баварците врзаа два меча без постигнат гол за првпат по мај 2015 година, но тогаш титулата беше осигурана, а сега пред Тухел и фудбалерите е да најдат излез од тешката ситуација.

Очекувано, притисокот е врз тренерот Томас Тухел, кој се мачи да ја наметна сопствената филозофија во германскиот фудбалски гигант, па се погласни се барањата до управата на овој стратег што поскоро да му биде врачен отказ.

„Фрустрирани сме и бесни поради овој резултат. Ние го загубивме мечот, не знам дали Лацио го победи овој натпревар бидејќи самите се поразивме. Неверојатно, како да правевме се што можеме за да примиме гол и да се најдеме во негатива. Почнавме со две сериозни грешки при губење на наша топка, целосно ја загубивме самодовербата и тоа се одрази на играта. Првиот дел беше добар, создадовме шанси, но вториот бевме далеку од она што требаше“, изјави Тухел.

Се вчитува...