Чиро Имобиле не го криеше задоволството откако искусниот голгетер го предводеше Лацио до голем триумф од 1-0 на првиот осминафинален меч од Лигата на Шампионите против Баерн Минхен.
Гостите од Германија ја имаа фаворитската улога пред мечот, но „лацијалите“ одиграа квалитетен меч, трпеливо ја чекаа својата шанса и кога таа им се укажа – постигнаа гол за победа токму преку Имобиле, кој беше прецизен од белата точка откако Исаксен беше фаулиран од Упамекано во противничкиот шеснаесетник.
„Бев убеден дека ќе дадеме се од себе за позитивен резултат, сакавме да им подариме на нашите верни навивачи прекрасен европски меч и го сторивме токму тоа. Штета е што не постигнавме и втор гол, имавме доволно шанси за тоа, но во секој случај и оваа победа е добра за нас. Да играш вакви натпревари, исполнети со емоции и да ги споделиш со нашите верни навивачи, тоа е она за што сонуваме уште од деца. Среќни сме, но и јасно ни е дека во Минхен пред нас ќе биде уште потежок предизвик“, изјави Чиро Имобиле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА