Резултатската криза на Баерн Минхен се продлабочи по поразот во Рим, се погласни се критиките кон Томас Тухел, но тренерот на Баерн доби неочекуван сојзуник откако ветеранот Томас Милер цврсто застана зад него по синоќешниот неуспех против Лацио.
Милер јавно порача дека тактиката не била проблем, туку неефикасноста на фудбалерите, давајќи му ја потребната поддршка на Тухел иако минутажата на офанзивниот играч значително се намали токму откако Тухел пристигна на „Алијанц Арена“.
„Се е јасно. Ги промашивме нашите шанси во првото полувреме. Тренерот имаше многу добар план, тактиката беше добра бидејќи ги создадовме шансите што ги псоакувавме. Ние фудбалери сме виновни што не знаевме да дадеме гол од такви шанси. Првото полувреме беше сосема добро, но во вториот дел правевме ужасни грешки, недозволиви на вакво ниво. Пеналот беше несреќен старт, но Имобиле беше опкружен од четири наши фудбалери и не успеавме да му ја земеме топката… Последните триесет минути ги игравме со фудбалер помалку, така што конечниот резултат е ОК… Сепак, треба и тие да дојдат кај нас во Минхен“, истакна Милер по натпреварот.
Тухел во својот 43. меч на клупата на Баерн Минхен го претрпе поразот број 10. Само за споредба, неговиот претходник Јулијан Нагелсман доби отказ во Баерн непосредно по десеттиот пораз претрпен со овој клуб (во Леверкузен од Баер), но за Нагелсман тоа беше 84. меч како тренер на Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА