НБА кошаркар уапсен пред натпреварот помеѓу Детроит и Феникс, физички го нападнал противникот

Кошаркарот на Детроит Пистонс, Ајзеа Стујард бил уапсен пред натпреварот помеѓу неговиот тим и Феникс откако го удрил противничкот кошаркар Дру Јубенкс во главата. Полицијата морала да ги раздвои, а потоа и го привела Стујард кој неодмна е и пуштен од притвор.

Причината за инцидентот на двајцата центри останува непозната, а според Феникс истиот бил потполно изненаден и не предизвикан од страна на нивниот кошаркар.

Стујард најверојатно ќе добие и голема казна од НБА лигата со оглед на тоа што ова не прв инцидент од ваков калибар. Тој во 2021 година беше суспендиран на два натпревари откако се обиде да влезе во физичка пресметка со Леброн Џејмс.

Се вчитува...