„Евертон помина добро, Манчестер Сити ќе биде исфрлен од Премиерлигата“

По одлуката на Премиерлигата да му одземе десет бода на Евертон поради прекршување на финансиските фер-плеј правила, во светот на фудбалот се очекува и одлуката против Манчестер Сити кој е под истрага за голем број на прекршувања на истото правило.

Во англиските медиуми се појавија информации дека станува збор за 115 вакви случаи против актуелниот шампион на Англија за период од четири години, но „граѓаните“ ги демантираа тврдењата. За разлика од Евертон, Манчестер Сити не води дијалог со раководството на Премиерлигата и одлуката ќе ја чека по судски процес кој е долг и истата може да биде донесена дури и под две години.

А, поранешниот новинар на „Скај спортс“, Џеф Шривс тврди дека има информации дека Манчестер Сити ќе биде исфрлен од Премиерлигата.

„Случаите на Евертон и Манчестер Сити се многу различни. Не можат директно да се споредат. Евертон постојано водеше дијалог со раководството на Премиерлигата во комплетната постапка. Од друга страна, Манчестер Сити оди на суд, но дури за две години. Тоа е долг, долг процес. Според информаиите кои ги имаме не гледам друга одлука на раководството на Премиерлигата освен да го исфрли Манчестер Сити од лигата, нормално доколку се потврдат информациите кои ги имам јас и го прогласат за виновен“, вели Шривс.

Се вчитува...