Ракометната федерација на Македонија го исфрли РК Аеродром од Суперлигата. Откако тимот не се пререгистрира во акционерско друштво, што е законска обврска за сите клубови што се натпреваруваат во највисок ранг на натпреварување, следуваше очигледна одлука од „Куќата на ракометот“.
,,Согласно доставената информација и известување од страна на Комисијата за лиценцирање при Ракометна Федерација на Македонија, во врска со постапката за финализирање на административните формалности за процесот на трансформација на Здружението на граѓани Ракометен Клуб Аеродром во трговско односно акционерско друштво, на состанокот одржан на ден 12.02.2024 година се констатираше дека Здружението на граѓани Ракометен Клуб Аеродром ја нема исполнето законската обврска за трансформација на спортскиот субјект од здружение во трговско односно акционерско друштво согласно Законот за спорт член 6-а и член 9-а”, стои во билтенот на РФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА