„Бомба“ од Германија: Баерн Минхен тргнува по Чаби Алонсо!

Многу клубови се „вљубија“ во Чаби Алонсо, откако шпанскиот стратег прави чуда со тимот на Баер Леверкузен во Германија. Алонсо е прв на табелата во Бундеслигата, нема пораз 31 натпревар, а е мнгоу блиску до првата историска титула на тимот од Леверкузен.

Ливерпул по крајот на сезоната останува без тренер, откако Клоп се реши да замине, а речиси е сигурно дека Чаби Алонсо ќе биде неговата замена. Меѓутоа сега се појавува токму Баерн Минхен како заинтересиран, па може да ја расипе работата на „црвените“.

Добра околност е тоа што Баерн Минхен како прва варијанта го има Ханс Флик, кој е слободен откако беше сменет од кормилтоо на германската репрезентација, па ако прифати „кам-бек“ во Минхен, тогаш Алонсо ќе има отворен пат кон Ливерпул. За Флик исто така има интерес и од Барселона, па самиот тренер треба да одлучи дали ќе се пресели во Шпанија, или, пак, ќе се врати во таборот на „Баварците“ со кои ја освои тројната круна пред неколку години.

Се вчитува...