Интер успеа да постигне договор за продолжување на соработката со Николо Барела, соопштува „Газета“. Договорот на играчот од средниот ред истекува до 2026 година, а со новиот ќе остане верен на „нероазурите“ до 2029 година.
Италијанскиот репрезентативец ќе добие и поголема плата. Сегашната му е шест, а новата ќе му биде седум милиони евр со бонуси. Веќе имал средби со претседателот Стивен Жанг и агентот на играчот во Лисабон и во Ријад, а конечен договор ќе дојде по третиот состанок кој е закажан за Мадрид.
„Газета“ открива дека Манчестер Сити упатил понуда до Интер за Барела. Играчот бил известен за интересот, но тој одбил и стакал да остане на „Џузепе Меаца“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

