Работнички губеше во првата четвртина и на полувремето од ТФТ, но и во поголемиот дел од третиот период, но на крајот успеа да слави победа дд 75-68и да се пласира во полуфиналето на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“.
На мечот одигран во Битола, Работнички лошо влезе во мечот, а пресвртот го најави во третиот период, а потоа во последниот целосно го сврте натпреварот во своја корист, а во еден момент имаше предност и од 10 разлика.
Рикиќ со 23 поени беше најефиксен на средбата, а покрај тоа имаше и девет скока. После него Стојан уроски се истакна со 14 поени, додека Ефремовски постигна 13.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА