Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел е пред отказ од таборот на „Баварците“. Тимот игра слаба сезона во Бундеслигата, Баер Леверкузен има предност од пет бодови на првото место на табелата, а чашата е прелиена после поразот од Лацио во првиот осминаинален натпревар.
Тухел сигурно ќе добие отказ ако биде елиминиран од Лигата на шампионите во оваа фаза, меѓутоа се шпекулира дека би можел да биде „поранешен“ и многу порано од реваншот.
Меѓутоа екс тренерот на ПСЖ и Челси изјави дека не стравува од смена.
„Не, не се плашам за мојата иднина и за потенцијала смена. Во Рим направивме се да го загубиме мечот, а го имавме во наши раце. На крајот на приказната престанавме да веруваме, и не знам зошто. Многу индивидуални грешки, многу безидејност“, рече Тухел.
Во Минхен веќе кружат планови околу идниот тренер. Еден од потенцијалните кандидати и во моментов најреална опција е враќање на Ханс Флик, а се споменува и ангажман на Чаби Алонсо од Баер Леверкузен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА