Хрватска преку пенал-рулетот до финале на Светското првенство во ватерполо

Репрезентацијата на Хрватска е вториот финалист на Светското првенство во ватерполо откако во драматична полуфинална пресметка славеше против Франција.

Хрватите се пласираа во финалето откако ја добија пенал-серијата со 6-5, бидејќи во регуларниот дел мечот заврши со 11-11.

„Коцкестите“ во битката за златниот медал во Доха ќе играат против селекцијата на Италија која во првото полуфинале славеше против Шпанија со 8-6.

Се вчитува...