Стефан Ристовски и Динамо Загреб се на добар пат за место во осминафиналето од Конференциската лига на УЕФА, по големата победа од 0-1 на гостувањето против Бетис во Севилја во 1/16-финалната пресметка.
Победата за „модрите“ ја донесе Петковиќ од пенал во 76. минута од средбата.
Македонскиот дефанзивец Ристовски го одигра целиот натпревар на десната бековска позиција за хрватскиот шампион, а Аријан Адеми, како што е познато, не е пријавен за европските натпревари на Динамо Загреб оваа пролет.
— wants live stream? follow @GoalSpotHD (@RFernyhoug52946) February 15, 2024
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА (1/16-ФИНАЛЕ) – први натпревари
Бетис – Динамо Загреб 0-1
Ајакс – Бодо Глимт 2-2
Макаби Хаифа – Гент 1-0
Сервет – Лудогорец 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА