Рома синоќа дојде до реми (1-1) на првиот натпревар од 1/16-финалето во Лигата на Европа, на гостински терен против Феенорд.
„Волчицата“ успеа да избегне пораз благодарение на голот на Ромелу Лукаку кој по погодокот во второто полувреме имаше необична прослава. Тој ја стави раката на устата и потоа гестикулираше „вперување пиштол во глава“, поради што многумина се запрашаа која е пораката која сака да ја упати до светот.
На тој начин Лукаку го осуди тоа што 30 години се случува во Демократска република Конго. Ромелу е роден во Антверпен, но има потекло од Конго, а во таа земја предолго трае граѓанската војна, со огромни насилства кои произведуваат геноцид, милиони избеглици и тешка хуманитарна криза.
„Стоп на геноцидот. Слободно Конго“ – напиша Лукаку и на социјалните мрежи по мечот.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

