Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Буенос Аирес.
Младиот шпански тенисер по 102 минути игра го победи 134-от тенисер во светот, Камил Уго Карабелија од Аргентина со 6-2 и 7-5.
Иако мечот почна според желбите на Алкараз, како одминуваше натпреварот се повеќе се мачеше, посебно во вториот сет, за на крај секако сосема заслужена победа.
Во четвртфиналето го очекува дуелот со Италијанецот Андрео Вавасори, кој е на 152. место на светската листа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

