Килијан Мбапе вчера на претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи лично му соопштил дека заминува од клубот на крајот од сезоната.
Француските медиуми „копаат“ по деталите од вчерашниот нивни разговор, но дознале дека сето воопшто не било драматично а францускиот репрезентативец добил едноставен одговор од својот шеф кога му ги открил своите планови за иднина.
„Очекував!“ – бил одговорот на Ал Келаифи, кој бил и тоа како подготвен за овој момент и не се вознемирил премногу.
Низ меѓусебниот разговор француската ѕвезда го уверувала претседателот на ПСЖ дека се уште нема потпишано со ниту една екипа, но му признал дека преговара со Реал Мадрид.
Според точни информации, Реал Мадрид веќе испратил понуда до Килијан Мбапе кој може да преговара с било кој клуб бидејќи е во последните шест месеци од договорот со ПСЖ. Но, сега платата која Реал му ја нуди на Мбапе е многу помала од онаа понудена пред две години, за време на претходните преговори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА