Емилио Нсуе со постигнати пет гола за Екваторијална Гвинеја беше најдобар стрелец на неодамна завршениот Куп на африканските нации.
Неговата селекција беше запрена во осминафиналето, а Нсуе веднаш по турнирот доби суспензија од својот сојуз на неодредено време поради „повеќе епизоди на сериозно нарушување на дисциплината“.
Нсуе со 22 гола на 44 натпревари за репрезентацијата е рекордер по бројот на голови, и трет вкупно по бројот на одиграни натпревари за неа.
„Ме исфрлија од репрезентацијата без никакво објаснување. Измислија некој интерен правилник според кој ме суспендираа. Ме понижија пред целиот свет. Подготвен сум да умрам за татковината, ќе ја дадам Златната копачка на народот, нека ужива во неа. Репрезентацијата е над се“ – изјави Нсуе, критикувајќи го сојузот:
„Челниците на сојузот се рак-рана на фудбалот и на нашата држава. Корумпирани се, украдоа милиони. Место парите да ги даваат на фудбалерите, тие ни рекоа дека ќе го вложеле во првенството. А, лажат. Потребни ни се промени во сојузот затоа што сега на негово чело се корумпирани лопови и лажови“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА