Томас Тухел е на удар на критики после поразот од Лацио во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Претходно „Баварците“ го загубија и директниот дуел за титула во Бундеслигата од Баер Леверкузен, па така во следните неколку дена може да дојде до смена на Тухел.
Легендарниот фудбалер на Баерн Минхен, Лотар Матеус знае кој ќе биде замената за Тухел во таборот на „Баварците“. Германската легенда смета дека најидеално би било Ханс Флик да се врати на клупата на најтрофејниот германски клуб.
„Поразот во Рим не беше на Баерн. Недостасува доверба, нема чувства, заедништво. Леснотија, доминација – сето ова го одлукуваше Баерн во минатото, а сега не може да се види“, пишува Матеус во своја колумна околу ситуацијата со „Баварците“.
„Можеби е загубена довербата помеѓу водечките играчи и тренерот. Водечките играчи на Баерн имаа функционален однос со доверба со Ханс Флик, што резултираше со тројна круна 2020 година. Флик има нешто кое Тухел го нема. Во секој случај успеа да им даде на своите играчи голема самодоверба“, пишува Матеус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА