Фудбалерите на Ливерпул утре во 13:30 часот гостуваат на екипата на Брентфорд, во рамките од 25. коло во Премиерлигата.
„Црвените“ значајно ќе бидат засилени, затоа што нивниот најдобар играч Мохамед Салах е подготвен за „кам-бек“, а тоа го потврди и тренерот Јирген Клоп.
„Мо тренираш и ќе биде во комбинација за составот. Тука с исто така и Гомез, Алисон, Конате, но нема да може да сметаме на Трент и Собослај“, рече Клоп.
Салах беше со својата репрезентација на Африканскиот куп на нации, а заработи и повреда, по што се врати во Ливерпул каде што сега целосно се рехабилитираше и е подготвен за настап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА