Се повреди најскапото зимско засилување на Баерн Минхен

Проблемите со повреди во Баерн Минхен продолжуваат. Денеска „Баварците“ објавија дека новото засилување Саша Бој, за кого беа платени 30 милиони евра на Галатасарај, заработил повреда и е во аут за предстојните натпревари.

Баерн објави дека Бој ќе отсуствува неколку седмици, не прецизирајќи колку точно ќе биде без десниот бек.

„Баерн ќе биде без Саша Бој во следните неколку недели. Новото зимско засилување заработи тешка повреда на мускулните влакна. Тоа е резултатот од прегледите од страна на медицинскиот тим на Баерн“, објавија од таборот на „Баварците“.

Се вчитува...