Спортскиот директор на Пелистер, Ванчо Мицевски денеска на еден ден пред почетокот на вториот дел од сезоната, најави дека клубот во мај ќе се врати во Првата лига.
Мицевски исто така кажа дека се планира и изградба на помошни терени и на тренинг центар во Битола, со цел Пелистер да расте и во иднина.
„Јас кога ќе кажам на Пелистер, мислам на Битола, кога ќе кажам Пелистер мислам на Чкембарите. Сите знаеме колку Пелистер значеше во југословенскиот фудбал и значи во македонскиот, и сметам дека сме на добар пат. Се средуваат сите структури во клубот. Пелистер организациски е на високо ниво, и реално ни треба експресно враќање во Прва лига за да продолжиме со нашите планови и амбиции. Се мисли и на иднината, се планираат помошни терени и еден тренинг центар. Во мај месец Пелистер ќе биде прволигаш и чист клуб, без никакви долгови и ќе ја отвори вратата за странски инвеститори“, рече Мицевски.
Спортскиот директор на битолчани кажа дека Пелистер минал добри подготовки.
„Минавме добри подготовки, и подготвени сме за предизвикот. Јасна е нашата цел, а тоа е пласман во Првата лига, и онаму каде што заслужува“, кажа Мицевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА