Легендарниот португалски тренер Жозе Мурињо, ги откри своите фаворити за освојување на пехарот во Лигата на шампионите сезонава.
Мурињо во подкаст кај Рио Фердинанд, кажа два клуба кои ќе го освојат пехарот во ЛШ, а еден од нив е поранешен клуб на Португалецот.
„Би рекол дека Лигата на шампионите ќе ја освои Манчестер Сити или Реал Мадрид. За мене би било големо изненадување да биде некој трет како Баерн Минхен или ПСЖ. Сакам пехарот да му припадне на Реал Мадрид, поради клубот и Карло Анчелоти“, изјави Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА