Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, и воедно херој во финачето на Африканскиот куп на Нации, Себастијан Але, ќе го нема од терените некое време, поради повреда на зглобот.
Тој ја обнови повредата која ја имаше на средината на декември на дуелот против Мајнц, и поради тоа беше повлечен во финакниот меч на АКН против Нигерија.
Але го постигна победничкиот гол со кој Брегот на Слоновата коска успеа да го освои пехарот. Претходно Але беше стрелец и во полуфиналето, и стана апсолутен херој на својата земја, само една година откако се рехабилитираше од туморот на тестисите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

