Томпсон откако ја загуби улогата стартер: Џинобили цела кариера ја започнуваше од клупата па видете што се освои

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Клеј Томпсон кој важи за еден од најдобрите „шутери“ во кошаркарскиот свет изминатите две сезони не успеава да го најде ритамот како во славните денови на тимот од Сан Франциско, но уште еднаш докажа дека е вистински тимски играч.

Триесетитригодишникот улогата стартер ја замени за да добива шанса од клупата, а и покрај тоа адаптацијата оди потешко од очекуваното, изминатата вечер блесна со 35 поени за само 28 минути поминати на паркетот за голема победа на неговиот тим над Јута.

Говорејќи за медиумите за новата улога го спомена и Ману Џинобили, фантастичниот Аргентинец кој најголемиот дел од кариерата ја помина како „шестти играч“.

„Најважно е што сфатив дека и вака ќе играм доволно. Секој може да заборави на своето его и да започнува од клупата. Помислив на Ману Џинобили. Човекот освои четири прстени и златен медал и целата своја кариера ја започнуваше од клупата“, изјави Томпсон.

Се вчитува...