Почна НБА Олстар викендот: Вембанјама извиси…, тимот на Џејлен Роуз победи во мечот на „Ѕвездите во подем“ (ВИДЕО)

Првпат после 39 години Индијанополис е домаќин на Олстар викендот кој синоќа стартуваше со дуелот на „Ѕвездите во подем“.

Натпреварувањето почна со дуелите на четири тима чији тренери беа Џејлен Роуз, Детлеф Шремф, По Гасол и Тамика Кечингс. И веќе на стартот имаше изненадување, Виктор Вембанјама кој играше за тимот на По Гасол беше елиминиран во полуфиналниот дуел во кој славеше тимот на Детлеф со 41-36. Претходно во првото полуфинале славеше тимот на Џејлен против тимот на Тамика со 40-35.

Победник на крај на овој мини турнир беше тимот на Џејлен Роуз кој во финалето славеше против тимот на Детлеф со 26-13.

Жирито одлучи за најдобар млад играч на турнирот да го прогласи кошаркарот на Индијана, Бенедикт Мадерин кој во полуфиналето ги постигна речиси половината од поените на својот тим (18 од 40).

Веќе престојнава ноќ на програмата се три супер-интересни дисциплини, најпрво натпреварот во вештини во кој ќе бидат Тајрис Халибартон, Бенедикт Мадерин, Пол Банкер, Мајлс Тарнер, Ентони Едвардс, Виктор Венбанјама, Треј Јанг, Тајрис Макси и Скоти Барнс.

Секако, нема да изостане и шутирањето тројки во кое ќе бидат специјалистите како Малик Бизли, Џејлен Брансон, Демијан Лилард, Треј Јанг, Донован Мичел и Карл-Ентони Таунс, а за крај ќе биде и забивањето, како и шутирањето тројки меѓу Стеф Кари и Сабрине Јонуески, најдобрите шутери од НБА и од ВНБА.

Се вчитува...