Го навести ли Клоп наследникот на клупата на Ливерпул: „Тој е феноменален…“

Германецот Јирген Клоп на крајот од актуелната сезона во Премиерлигата заминува од клупата на Ливерпул.

Јасно е дека „црвените“ сега се низ интензивна потрага по нов менаџер, а погледите на поголемиот дел од фановите на клубот се насочени кон актуелниот тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.

На таа тема првпат зборуваше и Јирген Клоп кој не го криеше своето воодушевување од работата на Чаби со тимот на Леверкузен.

„Тој е навистина феноменален. Тоа што го прави со Леверкузен е нешто неверојатно. Секоја чест. Сето ова не го зборувам затоа што го напуштам Ливерпул. Но, факт е дека дојде една нова генерација на тренери, а Чаби е предводникот на нив. Тој е одличен стратег“ – вели Клоп, со препорака дека не се сомнева дека би бил одличен и на клупата на Ливерпул.

Се вчитува...