Алкараз во полуфиналето на турнирот во Буенос Аирес

Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Буенос Аирес.

Вториот светски тенисер во четвртфиналната пресметка беше подобар од 152-от светски тенисер, Италијанецот Андре Вавасори со 7-6(1) и 6-1, мечот завршувајќи го за 101 минута.

Во полуфиналето Алкараз ќе игра против Чилеанецот Никола Џари, кој го доби четвртфиналето со Аргентнецот Томас Мартин Ечевери.

Се вчитува...