Легенда на Баерн и француски репрезентативец со лекција за цела Франција: „Мбапе не е наша сопственост“

Килијан Мбапе е централна тема во моментов во фудбалска Европа. Мбапе дефинитивно заминува од ПСЖ на крајот од сезоната, и сосема извесно кариерата ја продолжува во Реал Мадрид.

Сето тоа ја налути француската јавност која со силни критики кон Мбапе секојдневно оди и до граница на навреди на француската ѕвезда.

Во негова одбрана, пак, застана поранешниот дефанзивец на Баерн Минхен, Биксенте Лизаразу кој има и 100 настапи за француската репрезентација. Во само неколку реченици Лизаразу објасни зошто тој оди во Реал Мадрид.

„Килијан не е наша сопственост, не е сопственост на Франција. Тоа е негов живот и негова кариера. Ако неговиот сон е да игра за Реал Мадрид тогаш го има секое право да го следи својот сон. Даде во ПСЖ седум свои години и сосема е нормално да прифати нов предизвик. Ако оди во Реал мислам дека за него тоа ќе биде феноменален предизвик“ – вели Лизаразу.

Поранешниот дефанзивец вели дека човекот кој на Франција и ја донесе светската титула во 2018 година заслужува многу подобар третман, и дека не смее да му се замери што се бори за својата кариера.

Мбапе во ПСЖ стигна летото 2017 година од Монако за што беше платен дури 180 милиони евра. Парижаните, сега, најмногу ги боли што од клубот заминува без отштета, кака слободен играч. Но, за тоа е виновен ПСЖ, а не Мбапе.

Се вчитува...